НА СРЕЌАТА Ѝ НЕМА КРАЈ - по 26 дена барање и неизвесност, си го нашле бебето изгубено во земјотресот
По земјотресот што ја погоди Турција, Нергис и Чумали Бакајли ја губат секоја трага на нивното 6,5 месечно бебе, кое е родено предвреме. По 26 дена тага и вознемиреност, турската двојка конечно доживеала олеснување и голема среќа, кога дознале дека детето е живо и здраво. За бајката по земјотресот пишуваат бројни медиуми од оваа земја.
Бебето на Нергис и Цумале Бакајли се лекувало во болница во Караманмарас поради крвавење во мозокот по предвремено породување. Откако земјотресите ја оштетија оваа болница, бебето прво било префрлено во градската болница во Мерсин, а потоа во болницата на медицинскиот факултет на Универзитетот Селчук.
– Пред земјотресот ќерка ми беше во болница. По земјотресот не можевме да ја најдеме. Се јави докторката и рече дека нашата ќерка е таму и дека нејзината состојба е многу добра. Господ да ги благослови сите. Се трудиме да опстанеме како семејство. Кога добивме добра вест за нашата ќерка, световите станаа наши, сега е време да се обединиме – рекла мајката на бебето.
