На Словенија и е потребна помош за да не западне во криза
Оли Рен, комесарот за економски и монетарни прашања предупредил дека Словенија не може да стори доволно за да ја избегне помош за извлекување, објави “Франс Прес“.
“На Словенија и треба помош за да не западне во криза“, додал Рен.
Во изјавата по средбата на министрите за финансии од еврозоната Рен изјавил дека одлуката за Словенија најверојатно ќе биде донесена во јуни.
-Се’ уште е рано да се каже дали програмата на владата дава задоволителен одговор“, истакнал еврокомесарот за новинарите, откако словенечкиот министер за финансии Урош Чуфер го претстави планот со кој Љубљана се обидува да ја избегне спасувачката помош.
“Нема време за губење. На 29 мај ќе оцениме какви дополнителни чекори се потребни за Словенија“, истакнал Рен.
На крајот на минатата недела словенечката влада договори серија мерки, вклучувајќи приватизација, укинување на даноците и штедење, седум недели откако започна управувањето на премиерот Аленка Братушек. Програмата треба да и носи една милијарда евра годишно на земјата погодена од рецесија.
Се очекува Љубљана да внесе 1,3 милијарди евра во проблематичните банки, што претставува 3,7 отсто од БДП. Во четвртокот Братушек посочи дека дефицитот на земјата оваа година ќе достигне 7,8 отсто од БДП, што е над три отсто од просекот определен од ЕУ.
Земјата “мора да преземе брзи и решителни дејства“, на прво место, за да ја врати довербата во стабилноста на нејзиниот банкарски сектор, истакна претседателот на Еврогрупата Јерун Диселблум.
Слично
