На Штрос-Кан ќе му се суди за подведување проститутки
На Доминик Штрос-Кан, поранешниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, ќе му се суди пред францускиот суд за подведување на проститутки. Истражителите на судот одлучиле дека на Кан и на уште 11-мина треба да им се суди поради поврзаност со проституција во хотел во францускиот град Лил.
Кан признал дека учествувал на сексуални забави во хотелот, но рекол дека не знаел за проститутките.
Ова е последен во низата скандали на бившиот претседател на ММФ, од кои најпознат е оној во хотелот во Њу Јорк од 2011 година, кога собарката Нафисату Диало го тужеше за обид за силување.
Слично
