Економија, финансии, бизнис

Контакт

На што ги предупреди Канада граѓаните кои патуваат во Македонија

На што ги предупреди Канада граѓаните кои патуваат во Македонија
Канадската влада направи проценка на ризици за своите граѓани кои ќе патуваат во Македонија и не донесе аларматни заклучоци или препораки за избегнување како што тоа го прави за опасни локации, но сепак издвои неколку околности на кои канаѓаните треба да внимаваат. Меѓу нив е предупредувањето дека хомосексуалноста во Македонија е легална, но не е општествено прифатлива, па затоа треба да внимаваат. Во поглед на внатрешната безбедност се препорачува дека јавниот превоз не ги исполнува канадските стандарди и не е толку сигурен, па затоа канаѓаните се упатуваат да се возат со такси, но однапред да прашаат за цената на возењето. За македонската храна нема особен ризик, но доколку туристите се сомневаат да го применат правилото „свари, изготви, излупи или остави“. За личната безбедност треба да внимаваат на јавни места каде има многу луѓе како што е аеродромот „Александар Велики“, плоштадот „Македонија“ и слични локации бидејќи често се случува странци да бидат ограбени. Оваа проценка важи до денес, но засега нема најави за вметнување на нови ризици, освен ако домашната состојба не се влоши со нови инциденти или потенцијални терористички напади.
Слично

Поврзани вести