На секои 100 метри во Украина, Русија губи по 2.000 војници?
Според западен медиум, Русија има огромни загуби во Украина. Државата губи 2.000 војници на секои 100 метри освоена територија, пишува „Тајмс“.
Американскиот министер за одбрана, Лојд Остин изјави дека руските копнени сили на истокот на Украина се „деморализирани“ и „трпат огромни загуби“.
„Русија продолжува да испраќа големи количини дополнителни ресурси и работна сила во битката. Повеќето војници што ги испраќа се слабо опремени и обучени поради што руските сили трпат големи загуби“, вели тој.
Генералштабот на украинската армија објави дека Русите изгубиле околу 140.000 војници од почетокот на инвазијата. Русија не објавува податоци за загубите.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е „очигледно“ дека Украина нема да биде последната станица на инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин и дека е од витално значење Западот да не ја одложи испораката на оружје. На 24 февруари се навршува една година од почетокот на војната во Украина.
