На Сардинија ѝ е доста од Италија: „Продајте нè на Швајцарците, сакаме да бидеме морски кантон!“
На жителите на Сардинија им е „преку глава“од Италија па покренаа кампања за да се продаде овој остров на Швајцарија. Иницијативата за Сардинија да стане „морски кантон“ ја поддржаа илјадници граѓани, пишува хрватски „Јутарњи лист“.
Кампањата започнаала во пресрет на неодамнешните локални избори, во знак на протест против италијанските политичари. Андреа Карусо ги повикал своите сограѓани да го поништат своето гласачко ливче така што на него ќе напишат „морски кантон“ или Canton Marittimo. Иницијативата не успеа во целост да ги поништи изборите, но кампањата потоа продолжи и на Фејсбук, а бројот на поддржувачи на групата Canton Marittimo постојано расте.
Карусо објаснува дека Сардинија секогаш се обидувала да се избори за незавинсост, но до сега не успеала да се избори за автономија каква што би имала како 27-ми швајцарски кантон. Се разбира, кампањата е повеќе шега и самиот Карусо признава дека отцепување од Италија би било противуставно, но големиот број поддржувачи на иницијативата испраќа сериозна порака за италијанските политичари.
Според Карусо, и Швајцарците ја поддржуваат ваквата идеја која на нивната земја ќе и овозможи излез на море.
Слично
