Економија, финансии, бизнис

Контакт

На санкциите, Русија ќе врати со „дедоларизација“

На санкциите, Русија ќе врати со „дедоларизација“
Блиски соработници на рускиот претседател Владимир Путин забрзано ги разгледуваат мерките со кои можат да ја заштитат домашната економија од новите, поостри санкции што ги најавуваат западните земји. Една од тие мерки треба да биде и целосна „дедоларизација“ на економијата, односно исфрлање од употреба на американскиот долар. Советникот на Путин за економски прашања, рускиот академик Сергеј Глазјев, веќе презентирал радикален план за борба против странските санкции. Станува збор за 15-тина практични мерки кои треба во догледна иднина да ја ослободат домашната економија од зависноста од Западот. Освен дедоларизација, Глазјев предлага да се извршат и крупни промени во рускиот финансиски систем, и тоа не само во државниот сектор туку и на операциите што ги извршуваат приватните претпријатија и граѓаните. Државата, како што наведува овој експерт, треба да се подготви за претстојното и многу веројатно замрзнување на девизните сметки на Русија во странство. Заради тоа, тој смета дека веднаш мора сите средства изразени во долари и евра од земјите-членки на НАТО да се трансферираат во неутрални држави. Истовремено, треба да се изврши продажба на хартиите од вредност на САД и другите членки на НАТО, а кои сега се во сопственост на Русија, бидејќи би можела да следува блокада и на тие средства. Руските државни компании и банки треба да добијат можност да земаат кредити во рубљи, наместо досегашните заеми од западните банки, кои ги избирале најчесто заради пониските каматни стапки, вели Глазјев.  
Слично

Поврзани вести