НА САД НЕ ИМ ТРЕБААТ МЕДИУМИ ФИНАНСИРАНИ ОД ДРЖАВАТА КАКО „“ГЛАСОТ НА АМЕРИКА“ И „РАДИО СЛОБОДНА ЕВРОПА“: Гренел вели, полни се со левичарски активисти
Американскиот претседателски претставник за специјални мисии Ричард Гренел денеска изјави дека американските даночни обврзници ги финансираат Гласот на Америка и Радио Слободна Европа и дека повеќе нема потреба од такви медиуми.
„Тоа се државни медиуми. Овие медиуми се полни со екстремни левичарски активисти. Работев со овие новинари со децении. Тоа е остаток од минатото“, напиша Гренел на платформата Х (Твитер).
Тој нагласи дека нема потреба од медиуми финансирани од владата.
Илон Маск се надоврза на твитот на Гренел со порака: „Да, затворете ги“.
„Европа сега е слободна, никој веќе не ги слуша. Тие се само радикални левичари кои си зборуваат сами на себе додека согоруваат милијарда долари годишно од џебовите на американските даночни обврзници“, напиша Маск на X.
Нин.рс