Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА РАБОТ НА КАТАСТРОФА: Киев влече кон ЕУ, Крим – кон Русија

НА РАБОТ НА КАТАСТРОФА: Киев влече кон ЕУ, Крим – кон Русија
Во Украина е наредена општа мобилизација на воените резерви, по информациите дека околу 15.000 руски војници се наоѓаат на Крим. Украинскиот Парламент, Врховна Рада, побара од Путин да престане да испраќа војска во Украина. Во посебно соопштение, издадено  по вонредната седница, Парламентот извести дека се враќа на подготовките за потпишување на спогодба за асоцијација со Европската унија. Откажувањето на потпишувањето на овој документ беше иницијална каписла за немирите и протестите на проевропската опозиција во Киев, кои траеја со месеци. Врховната Рада сега објави дека ја поништува резолуцијата на пораншената Влада, потпишана на 21 ноември 2013 година и се враќа на подготвките за потпишување на договорот кој треба да ја доближи земјата кон ЕУ. Наспроти ова, на Кримскиот Полуостров и во источните делови на земјата нема поддршка за ваквиот чекор.  Во повеќе украински градови, главните управни згради се под контрола на проруските приврзаници, кои на нив истакнуваат руски знамиња. Според информациите од руските медиуми, во овие градови се вее руско знаме на зградите на локалните институции: Ваквиот развој на настаните не влева оптимизам за мирен исход во Украина и за излез од кризата што се заканува да ја подели земјата.
Слично

Поврзани вести