Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Путин не му доликува да е цар, не го интересира како го нарекуваат неговите противници

На Путин не му доликува да е цар, не го интересира како го нарекуваат неговите противници

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека зборот „цар“ не може да се користи за него, бидејќи тој не бил заинтересиран многу како го нарекуваат критичарите или неговите политички противници.

Ова било јасно од интервјуто на Путин за американскиот новинар Чарли Роуз, извадок  за „СиБиЕс“.

Во почетокот на разговорот новинарот му раскажува на претседателот дека во Америка многу се зборува за него. „Можеби нема што друго да прават освен да зборуваат за мене“, претпоставил со насмевка Путин.

Роуз забележува дека некои го нарекуваат Путин „цар“. „И што од тоа? Луѓето ме нарекуваат на најразличен начин“, возвраќа Путин.

Не смета ли претседателот дека оваа титула му доликува, прашува новинарот. „Не, не ми одговара“, одговарил Путин.

„Не е важно како ме нарекуваат - било да е тоа од добронамерници, пријатели или политички противници, важно е што ти самиот мислиш за себе, што си должен да направиш во интерес на својата земја, од која ти е доверена функцијата поглавар на руската држава“, изјавил убедено Путин.

На прашањето што најмногу му се допаѓа на Путин кај Американците, претседателот го наведува креативниот пристап: „креативноста со која вие одлучувате за проблемите“.

„Ми се допаѓа нивната отвореност и широчината на ставовите, бидејќи тоа им овозможува на Американците да го откријат својот внатрешен потенцијал. Благодарение на тоа Америка и постигна такви зачудувачки резултати во развојот на земјата“, додал Путин.

Слично

Поврзани вести