Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Путин му дојде преку глава: Им даде „посебна“ задача на тајните служби!

На Путин му дојде преку глава: Им даде „посебна“ задача на тајните служби!
Рускиот претседател Владимир Путин издаде наредба според која руските тајни служби имаат овластување темелно да ги „прочешлаат“ невладините организации во Русија. Путин бара од тајната полиција да ги разоткрие невладините организации кои работат против власта и имаат „деструктивни намери“, за да се избегне и во Русија да се повтори сценариото со кое во Украина беше разрешен претседателoт Виктор Јанукович. „Рускиот правосуден систем на невладините организации им овозможува да ги водат своите активности слободно и транспарентно. Но никогаш нема да дозволиме да ги искористат во деструктивни цели, како што тоа беше случај во Украина“, рекол Путин на состанокот со тајните служби. Од враќањето на власт во Кремљ во 2012 година Путин веќе еднаш ја зајакна контролата врз невладините организации, воведувајќи закон според кој сите организации кои се занимаваат со политички прашања, а користат финансиска помош однадвор  мора да се регистрираат како „странски агенции“.  
Слично

Поврзани вести