На преговорите за Сирија: Курдите си заминуваат по барање на Турција!
Делегацијата на сириските Курди, претставувајќи ја партијата „Демократски сојуз“ ја напушти Женева, каде што се одржуваат преговорите за мирно решавање на сирискиот конфликт, соопштија американските медиуми, повикувајќи се на информации од Наваф Халил, претставник на партијата.
Стана јасно дека Курдите биле исклучени од Женевските преговори по барање на Турција. Според претставници на умерената сириска опозиција, „Демократска унија“ е блиска до претседателот на Сирија Башар Асад.
Анкара од своја страна смета дека Курдите се терористичка организација и води отворена војна со нив.
Делегација на умерената опозиција е на пат кон Женева и ќе се приклучи на преговорите, објавија светските агенции.
Во моментов делови на сириските Курди држат под контрола сириска територија во северо-источните региони на земјата.
