Економија, финансии, бизнис

Контакт

На повидок широка владина коалиција во Германија со големи идеолошки разлики

На повидок широка владина коалиција во Германија со големи идеолошки разлики

Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ и Социјалдемократската партија на Германија (СПД) денеска постигнаа договор за спорните политички прашања, што е чекор напред кон формирање коалициска влада во која нема да има место за крајнодесничарската АФД, иако станува збор за две водечки партии со идеолошки разлики.

„Постигнавме договор за цела низа спорни технички прашања, што го носи заедничкиот потпис на сите учесници во преговорите“, рече претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и кандидат за канцелар Фридрих Мерц на заедничката прес-конференција.

Почнуваат конкретни коалициски преговори

Тој додаде дека на почетокот на следната недела на партискиот врв ќе му предложи почеток на конкретни коалициски преговори.

Заменик-претседателот на СПД, Ларс Клингбејл, исто така сигнализираше брз почеток на преговорите.

„И Унијата и СПД покажаа дека се подготвени да преземат одговорност“, рече Клингбејл.

Запрено обединувањето на семејствата на бегалците

Помалку од две недели по предвремените парламентарни избори, на кои ЦДУ/ЦСУ освоија 28 отсто од гласовите, а СПД 16 отсто, партиите постигнаа договор за контроверзните прашања, пред се ограничување на нерегуларната миграција.

Според аналитичарите, Унијата ги истуркала своите строги миграциски планови, кои вклучуваат отфрлање на сите потенцијални имигранти кои не можат да покажат дозвола за влез во Германија на границата. Ова важи и за оние кои сакаат да поднесат барање за азил во Германија, што беше најголемата жалба на СПД.

Семејното обединување на бегалците кои живеат во Германија исто така е суспендирано до понатамошно известување.

Ќе се интензивира протерувањето на илегалните мигранти.

Претседателот на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) и баварскиот премиер Маркус Содер најави интензивирање на депортациите во земји како Авганистан и Сирија.

За економско закрепнување се планирани реформи на корпоративниот данок и инвестициски стимулации, вклучително и намалување на даноците за електрична енергија.

Поголеми инвестиции во одбраната

Потенцијалните коалициски партнери во средата договорија пакет финансиски мерки за економско закрепнување во вредност од 500 милијарди евра и формирање посебен фонд за зајакнување на одбранбените капацитети на Германија.

Мерц претходно рече дека ќе се заложи новата влада да положи заклетва до Велигден, 20-ти април.


Слично

Поврзани вести