На помош во Казахстан стигнаа руски падобранци
Руски падобранци денеска се вклучени во Казахстан за да му помогнат на претседателот Касим Токаев, за да го задуши бунтот што произлезе од протести против зголемувањето на цените на горивото.
Руски падобранци се транспортираат во Казахстан и првите единици од тој контингент веќе почнаа да ги извршуваат задачите што им беа доделени.
Властите денеска поставија ограничувања за цената на горивото за шест месеци, откако новогодишното зголемување на цените предизвика протести што се претворија во масовни немири.
Казахстан вчера прогласи вонредна состојба на целата територија, а Токаев, кој првично ја распушти владата и се откажа од поскапувањето, ги обвини демонстрантите за тероризам поддржан од Западот и побара помош од воениот сојуз кој обединува дел од државите од поранешниот Советски Сојуз.
Секретаријатот на Советот за колективна безбедност на ЦСТО, воениот сојуз на Русија, Белорусија, Ерменија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан, во четвртокот вечер објави дека испраќа војници да му помогнат на казахстанскиот претседател.
Во немирите има и жртви.фото ЕПА
