Економија, финансии, бизнис

Контакт

На пат кон Сирија, џихадистите преспиваат во – Словенија?!

На пат кон Сирија, џихадистите преспиваат во – Словенија?!
„Словенија претставува главен коридор на патот на исламските екстремистиод Виена кон Сирија“, изјави на пресконференција во Љубљана пратеникот на Словенечката демократска партија (СДС) Жан Махнич. Овој претставник на партијата на поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша побара од полицијата и безбедносните служби да го спречат заминувањето на словенечките државјани во Сирија и нивното приклучување на страната на екстремистите. „Неофицијално се зборува дека екстремистите и нивните ќелии кај нас имаат закупени станови во кои исламистите преноќуваат на пат кон Сирија“, вели Махнич, додавајќи дека според некои информации во Словенија се врши регрутација на борци. Махнич нагласува дека се неточни информациите на словенечката полиција, изнесени откако се потврди дека неколку словенечки државјани во Сирија се бореле за Исламската држава, и според кои тие не можат да се гонат затоа што учеството во странски војски не е казниво дело според актуелниот словенечки закон. Нивниот прогон е можен и по сегашното кривично право, во делот кој се однесува на тероризмот, а и неодамнешната резолуција на ОН говори за обврска на државите-членки да спречуваат регрутирање на странските борци во Сирија, потсетува Махнич.  
Слично

Поврзани вести