Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА ПАПАТА ФРАНЦИСКО MУ ОТКАЖУВААТ БУБРЕЗИТЕ: Ватикан со најнови информации

НА ПАПАТА ФРАНЦИСКО MУ ОТКАЖУВААТ БУБРЕЗИТЕ: Ватикан со најнови информации

Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциско и понатаму е во критична состојба, но не претрпел никаква дополнителна криза, соопшти Ватикан вечерва, откако во саботата објави дека папата претрпел „продолжена астматска респираторна криза“ неколку дена откако беше хоспитализиран поради пневмонија.

Ватикан претходно објави дека саботата „поминала тивко“ и дека „папата се одморил“, како што цитира Асошиејтед прес, велејќи и дека Франциско бил свесен и дека тестовите продолжуваат.

Тој и понатаму останува на дополнителен кислород, а тестовите покажаа „почетна, блага“ бубрежна инсуфициенција, соопшти Ватикан, пренесува АП, но лекарите велат дека ситуацијата е под контрола и дека папата е буден и „добро ориентиран“.

„Прогнозата на папата останува резервирана“, рече Ватикан, цитиран од АП, без да даде предвидувања за негово потенцијалното закрепнување со оглед на „комплексноста на клиничката слика и неопходното чекање за терапии со лекови да дадат одредена повратна информација“.

ШТО ЗНАЕМЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ПАПАТА?

Според неговите лекари, папата има пневмонија во двете бели дробови, како и бактериски, вирусни и габични инфекции. Неговите лекари му дадоа дополнителен кислород по потреба и го лекуваат со терапија со лекови на која велат дека организмот на Франциско реагира.

Лекарите му препишале и „апсолутен одмор“, а неколку негови јавни настани се откажани. Лекарите рекоа дека примарна закана за здравјето на папата ќе биде сепсата, сериозна состојба која може да произлезе од компликации на пневмонија, иако тој досега не покажал знаци на сепса.

фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Слично

Поврзани вести