Економија, финансии, бизнис

Контакт

На островот Тонга е пријавен првиот заразен со корона

На островот Тонга е пријавен првиот заразен со корона

На островот Тонга е пријавен првиот заразен со коронавирусот. 

Eден патник од летот за репатријација од Крајстчерч е позитивен. Тој заедно со 214 други, се изолирани и ставени во карантин. Островот, кој се наоѓа на околу 2.300 километри северно од Нов Зеланд, ги затвори своите граници кога почна пандемијата, и така долго време беше без заразени. 

„Пацифичкото Кралство Тонга го потврди првиот случај на коронавирус од почетокот на пандемијата“, објави денеска премиерот Похива Туи'о'нетоa.

Премиерот ги повика жителите на Тонга да се подготват за можни ограничувања и да се вакцинираат. Тонга вакцинираше 48 отсто од населението со првата доза, а 31 отсто беа целосно вакцинирани. Ако претходно во светот имаше неколку земји каде немало случај на коронавирусот, сега тие имаат по 1 или 2 случаи. Светот втора година живее во пандемиски услови. 

Слично

Поврзани вести