Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Олимписките игри во Токио само ако прифатите дека можноста за смрт е на ваш ризик

На Олимписките игри во Токио само ако прифатите дека можноста за смрт е на ваш ризик

Сите спортисти, тренери и странски гости на Олимписките игри во Токио ќе мора да потпишат декларација дека го прифаќаат ризикот од смрт без да се бара одговорност од организацисиот комитет или ИОК.

„Се согласувам да учествувам на игрите на мој сопствен ризик и одговорност, вклучително и какви било последици од учеството - сериозна повреда, па дури и смрт поради инфекција со КОВИД-19 или други заразни болести или екстремни температури за време на игрите “, се вели во декларацијата.

Во истиот документ на претходната Олимпијада во Рио не се споменуваат топлината и смртта. Документот предизвика незадоволство против Интернационалниот олимписки комитет и нејзиниот претседател Томас Бах.

Вонредната состојба во Токио е продолжена до 20 јуни, но сите велат дека игрите ќе се одржат, и покрај незадоволството на мнозинството Јапонци.


Слично

Поврзани вести