Економија, финансии, бизнис

Контакт

На оглас за работа во банка во Индија се пријавиле дури 1.7 милиони кандидати

На оглас за работа во банка во Индија се пријавиле дури 1.7 милиони кандидати
Најголемата банка во Индија , SBI, која е во сопственост на државата, се нашла на голема мака, бидејќи за 1.500 работни места кои ги објавила во оглас, се пријавиле 1.7 милиони луѓе. Како што јавува Hindustan Times , условите за работа според индијските стандарди,се доста поволни-се нуди плата од околу илијада евра и додаток за изнајмување  стан во елитниот дел на Мумбаи.   Раководството на банката ни во најлудите сништа не помислила дека овој оглас може да предизвика толку голем интерес. Сепак вети дека секоја пријава детално ќе ја разгледа , но не знае точно колку точно време ќе  треба да се  изберат кандидатите. Иако економијата во Индија во последните години бележи висок раст , невработеноста  е доста висока, а работата во сивата зона е широко распространета. Дополнителен проблем создала и глобалната економска криза заарди која, приватниот сектор затвори доста работни места , па многу луѓе бараат спас во државните фирми.
Слично

Поврзани вести