Економија, финансии, бизнис

Контакт

На новата корона мапа три земји од регионот се во црвена зона

На новата корона мапа три земји од регионот се во црвена зона

Во три земји од регионот, епидемиолошката состојба е лоша и тоа е регистрирано и на новата ковид мапа. 

Цела Хрватска е во црвено, како и поголемиот дел од западна Европа, на новата корона мапа. Во Хрватска во последната недела  бројот на заразени порасна за 50 отсто. Вчера имаше 1.237 нови случаи. Бугарија и Грција се во иста група со Хрватска. 

Скандинавија е во портокалово, а централна Европа е во зелената зона. Црвената боја значи 14 дневна стапка од 75 до 200, со удел на позитивните поголем од четири отсто, како и подрачја каде стапката е 200 до 500 за период од 14 дена, а темноцрвената зона значи дека во 14 дена има стапка поголема од 500. Секој четврток имаме нова ковид мапа со ажурирани податоци. 

Слично

Поврзани вести