На Нова година во еден град изгореа над 1.400 автомобили
Повеќе од 1.400 автомобили се уништени во пожар што изби во Ливерпул во гаража на повеќе нивоа.
Возилата експлодирале на неколку секунди.
Со тоа голем број луѓе мораа да ја дочекаат Новата година во привремени засолништа.
Евакуирани се луѓе од неколку згради во околината на гаражата.
Пожарот најверојатно почнал откако се запалил еден автомобил. Во гаснењето учествуваат 21 противпожарно возило.
Поради пожарот, откажана е ревија на коњи која требало да се одржи во арена во близина на гаражата.
Слично
