Економија, финансии, бизнис

Контакт

На независните Шкоти ќе им требаат многу фунти

На независните Шкоти ќе им требаат многу фунти
Во случај Шкотска да прогласи независност по референдумот закажан за 18 септември, на новата Централна банка на Шкотска ќе и биде потребна огромна залиха на британски фунти, доколку има намера да ја задржи оваа валута без претходен договор со Велика Британија. Според проценките, централната банка на Шкотска би требало да поседува резерви на фунти во висина од најмалку 25% од вкупниот бруто домашен производ на земјата. Оваа проценка е заснована врз примерот на балтичките земји, кои поседуваат релативно едноставен финансиски систем. Додека Хонг Конг, кој ја врзува својата валута со американскиот долар и кој има сложен финансиски систем, поседува девизни резерви кои надминуваат 100% од неговиот БДП. Според гувернерот на Британската централна банка Марк Карни, во случај на независност на Шкотска би дошло до воспоставување на економски граници меѓу Шкотска и остатокот на Британија. Лондон се закани дека во случај на отцепување нема да дозволи Шкотска да ја користи фунтата како национална валута.  
Слично

Поврзани вести