Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Непал ќе му требаат најмалку 2 милијарди долари за реставрација

На Непал ќе му требаат најмалку 2 милијарди долари за реставрација

Министерот за финансии на Непал Рам Крап Махал рече дека ќе бидат потребни најмалку 2 милијарди долари за повторното градење и реконструкција на куќи, болници, владини згради, историски градби и повика на помош од странски донатори, објави Ројтерс.

"Ова е само прелиминарна проценка и ќе биде потребно време да се проценат целосните штети и да се пресмета цената на реконструкцијата за активности", рече тој за Ројтерс.

Многу Непалци спијат на отворено по саботниот земјотрес со интензитет од 7,8, во кој загинаа над 6200 луѓе.

Според ОН 600 000 куќи биле уништени или оштетени, 8 милиони луѓе се погодени од кои два милиони ќе имаат потреба од шатори, вода, храна и лекови во наредните три месеци.

Извор од непалскоот Министерство за внатрешни работи соопшти дека загинатите од катастрофата се 6204, а повредени се 13 924.

Слично

Поврзани вести