Економија, финансии, бизнис

Контакт

На мета на руските сили е и градот Николаев

На мета на руските сили е и градот  Николаев

Помошникот на Министерството за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко објави дека руски проектили го погодиле Николаев. 

Герашченко рече дека локалните власти го пријавиле нападот.

Руските сили ги нападнаа јужните пристаништа, вклучувајќи ги Одеса, Николаев и Мариупол. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека извршила геноцид во Украина за да истреби цела нација, еден ден по откривањето на голем број тела на улиците на градот во близина на Киев, по повлекувањето на руските сили.

„Да, тоа е геноцид. Истребување на целата нација и народ“, изјави Зеленски за CBS.

Веќе 39 дена руските и украинските сили војуваат во Украина. 

Слично

Поврзани вести