Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Меркел и текна: Конфликти беснеат пред вратите на ЕУ

На Меркел и текна: Конфликти беснеат пред вратите на ЕУ

Германија ќе треба да потроши повеќе средства за обезбедување на својата надворешна безбедност. Ова го изјави канцеларката Ангела Меркел. 

- Ќе треба да трошиме повеќе за надворешна безбедност. Во долгорочна перспектива ќе биде лошо ако САД даваат за одбрана 3,4% од БДП, а ние - речиси 1,2%, рече Меркел за време на конференцијата на младинската организација на ЦДУ / ЦСУ, која се одржува во градот Падерборн, пренесоа светските агенции.

- Ние сме многу далеку од целите на НАТО за трошоци за одбрана од 2% од БДП, констатира канцеларката.

- Вчера дознав дека „Исламска држава“ за првпат користела дронови. Ова покажува дека во борбата против тероризмот и во напорите за зајакнување на одбраната ние треба да станеме подобри, истакна Меркел и додаде дека „конфликтите беснеат пред вратите на Унијата“.


Слично

Поврзани вести