НА МАЖИТЕ ИМ Е ЗАБРАНЕТО ДА ЈА НАПУШТАТ УКРАИНА - на границата со Словачка шесткилометарска колона
На границата меѓу Словачка и Украина, колоната е долга шест километри од словачка страна, јавува Н1, а на граничниот премин пристигнуваат голем број бегалци.
"Тоа се главно жени и деца кои ја минуваат границата. На мажите не им е дозволено да ја преминат границата. Украина мобилизираше мажи на возраст од 18 до 60 години и тие мора да ја бранат својата земја. Затоа сите овие мажи ги возат своите сопруги до граничниот премин, ги возат своите деца, па дури и домашните миленичиња. Ги возат до границите на Полска, Словачка, Молдавија, Унгарија и Романија. Сите тие навистина сакаат да стигнат до западноевропските земји, особено во Европската унија“, наведува новинарка.
Таа наведува дека првите луѓе што ја преминале границата биле оние кои имаат роднини или пријателие во соседните земји. „Овде пред граничните премини доаѓаат нивните пријатели и роднините да ги земат и однесат. Овде на граничниот премин колоната возила се протега на околу шест километри од словачка страна, тоа се семејства и пријатели кои доаѓаат да ги соберат бегалците“, вели таа.
Полицијата ги ослободува само кога има информации дека нивни членови ја преминале границата, дека влегле во Словачка. Црвениот крст, разни превозници и оператори кои споделуваат бесплатни СИМ-картички се тука. Најмалку 50.000 луѓе ја напуштиле Украина. Словачка има три прифатни центри, а Полска има девет“, изјави репортерката на телевизија N1.
Фото: Твитер
