Економија, финансии, бизнис

Контакт

На колку години сега се стекнува право на глас во Малта?

На колку години сега се стекнува право на глас во Малта?

Парламентот на Малта ја намали од 18 на 16 години возраста на која граѓаните можат да добијат право за гласање на избори. Сите 64 парламентарци гласаа за промената. Со ова Малта стана втора земја во ЕУ по Австрија која ја намали старосната граница за гласање. На изборите за Европскиот парламент во 2019 година жителите на Малта на 16 и 17 години ќе имаат можност да гласаат за првпат.

„Парламентот едногласно ги прифати амандманите на уставот. Испишавме нова историја“, напиша премиерот Џозеф Мускат на својот твитер-профил.

Двете главни политички партии се согласија да ја намалат возраста за гласање, но оваа иницијатива немаше целосна јавна поддршка. На пример, студентскиот совет се спротивстави на одлуката со образложение дека актуелната образовна рамка не доволно ги подготвува младите луѓе за да може да доднесат обмислен заклучок при гласање.

Слично

Поврзани вести