Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА КОЈ ЌЕ МУ „ИЗБЕГА“ ОСКАРОТ, СЛЕДИ УТЕХА: Луксузно патување и „сладок“ канабис

НА КОЈ ЌЕ МУ „ИЗБЕГА“ ОСКАРОТ, СЛЕДИ УТЕХА: Луксузно патување и „сладок“ канабис

Номинираните за престижниот Оскар, наградите на американската Академија за филмска уместност, кои во неделата вечерта на 92 свечено доделување во Лос Анџелес не добијат Оскар, ќе добијат вредни торби подароци.

Подароците за секој номиниран се вредни околу 215 000 долари, што е вкупно околу 5 милиони долари за сите подароци, пренесоа локалните медиуми во САД.

Меѓу подароците се наоѓа крстарење 12 дена на луксузна јахта, што подразбира и престој во луксузен хотел каде ноќевање чини 1300 долари. Номинираните на подарок ќе добијат и чоколади со канабис, и слични слатки работи.

Подароците не ги организира Академијата, туку маркетиг агенцијата „Distinctive Assests“ која обезбедува подароци и на други церемонии.

Овогодишното доделување на наградите ќе биде доцна во неделата во Лос Анџелес, а голем фаворит со 11 номинации е филмот !Џокер“ на режисерт Тод Филипс со Хоакин Финикс во главната улога.

Во очите на Оскарите годинава е вперена и Македонија. Нашата земја се натпреварува со филмот „Медена земја“ во категоријата најдобар документарец и во категоријата најдобар интернационален филм. Да стискаме палци за Атиџе Муратова која се појавува како главен лик и тимот кој стои зад неа.

Слично

Поврзани вести