На кого Макрон рече дека оваа војна е и нивен проблем?
Шефот на француската држава, Емануел Макрон побара Русија да ја прекине војната во Украина.
Тој апелираше до светските лидери да ја повикаат Русија да ја прекине војната во Украина. Макрон одржа говор на Самитот на форумот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во петокот во Бангкок.
„Франција не се фокусираше само на поддршката на Украина - и ние ќе продолжиме - туку и на многу тесна соработка со различните земји, Кина, Индија и целиот регион, Блискиот Исток, Африка и Латинска Америка, за да се создаде зголемен консензус. Оваа војна е и ваш проблем затоа што ќе создаде многу дестабилизација. Помогнете ни да ја пренесеме истата порака до Русија“, рече Макрон.
Макрон на почетокот на руската инвазија на Украина повика на смирување и разговараше со рускиот колега, Владимир Путин, но тоа не вроди со прекин на војната. Русија се закани на повеќе земји, меѓу кои и на Франција, да не се мешаат во конфликтот во Украина.
foto Facebook
