На Кипар му престојат две години рецесија
Кипар се соочува со две години на рецесија, системски економски пад, се наведува во извештајот на експертската мисија на Тројката ЕК, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, подготвен за претстојната седница на Еврогрупата во Даблин на 12 април.
Претставниците на меѓународните кредитори очекуваат БДП на Кипар да се намали за 8,7 отсто во 2013 година и за 3,9 отсто во 2014 година. Тројката прогнозира враќање кон економски раст дури во 2015 година, кога БДП на Кипар треба да се зголеми за 1,1 отсто.
Во документот се признава дека е можно влошување на ситуацијата, што ќе наметне Никозија да преземе дополнителни антикризни мерки.
Слично
