На Кина итно и се потребни 100.000 пилоти
На Кина во наредните 20 години ќе и бидат потребни 98.000 нови пилоти и 101.000 авионски техничари, соопштуваат кинеските власти.
Во истиот период за целиот азиско-пацифички регион ќе бидат неопходни уште 216.000 пилоти и 224.000 техничари.Тоа значи дека се до 2033 година во азиско-пациифичкиот регион пилотите и техничарите ќе сочинуваат 39 одсто од нивниот вкупен број на светско ниво, што е повеќе од Северна Америка и Европа заедно.
-Азиско-пацифичкиот регион доживува огромен економски развој и ќе стане најголем пазар за авиосообраќај - рекол Боб Белито од компанијата Боинг (Boeing).
Освен тоа, со 13.460 нови авиони, кои ќе му бидат неопходни до 2033 година, азиско-пацифичкиот регион е на прво место во светот по бројот на идни нарачки.
Слично
