Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Канаѓаните ништо не им поминува, еве каква грешка има на новите банкноти!

На Канаѓаните ништо не им поминува, еве каква грешка има на новите банкноти!
Канадската централна банка испечати лажен јаворов лист на новите банкноти, откако е направена грешка со тоа што е земен пример од растението кое вирее во Норвешка, наместо амблемот кој стои на националното знаме на Канада, велат  канадските ботаничари, а пренесува Ројтерс. На прв поглед не може да се забележи разликата помеѓу јаворовиот лист на новите банкноти од 20, 50 и 100 канадски долари и листот од Канада. Сепак, за ботаничарите разликата е повеќе од очигледна , реагира Шон Блени, ботаничар. Јаворовиот лист на банкнотите е од друг вид, тврди тој. Според него листот на норвешкиот јавор има повеќе сегменти и е позаострен со помал централен дел. Норвешкиот јавор инаку е пренесен од Европа и сега е раширен и во Северна Америка. Според Блени тој е можеби најчестото дрво по улиците во Централна и Источна Канада. Тоа станало природно за Канада, вели ботаничарот, но не е нашиот национален амблем. Централната банка изјави дека листот на новите банкноти намерно било замислен да не претставува конкретен вид јавор, туку да биде комбинација од различни видови. Тоа не е лист од норвешки јавор, туку стилизиран јаворов лист и токму таков би требало да биде, рече портпаролката на банката. Според неа, сликата на новите банкноти било создадено со помош на дендролог. Во август канадската централна банка мораше да се извини, откако во медиумите беше соопштено дека на новите банкноти од 100 канадски долари се заменува ликот на жената лаборант од Азија со жена која личи како да доаѓа од Кавказ. Тогаш повеќе организации изјавија дека Азијатите не би требало да се единствената претставена група, но критичарите ја обвинија банката за расизам.
Слично

Поврзани вести