На J.P. Morgan банката и се заканува казна од 1 милијарда долари
J.P. Morgan Chase се очекува да плати повеќе од 1 милијарда долари казна на министерството за правосудство за да ја запре криминалната постапка за тоа дали банката обезбедила соодветно предупредување за дејствијата на Бернард Мејдоф, соопштува MarketWatch.
Зделката, која исто така ќе вклучи договор за одложување на истрагата со Американскиот обвинител Приит Барара, може да биде отфрлена до крајот на годината, тврдат запознатите со случајот.
Истражните органи работат на тоа дали банката не ги предупредила регулаторите и покрај многуте сигнали за Мејдоф. Главен момент во случајот е прашањето зошто J.P. Morgan не доставила официјален извештај за сомненијата односно дејствијата на финансиерот во САД, откако доставила таков документ пред британските власти.
Мејдоф, имаше врска со J.P. Morgan во продолжение од дваесет години пред да биде уапсен во декември 2008 година.
Најголемата американска банка се очекува исто така да плати дополнителна казна на американските регулатори, поврзано со несоодветните предупредувања за Мејдоф, но и за други пропусти во контролата. Според запознатите со случајот висината на таа казна се уште не и е соопштена на банката.
К.К
Слично
