Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА ИЗРАЕЛ МУ ОСТАНАА УШТЕ 20-ТИНА ДЕНА - Американците дале рок да се заврши војната во Газа

НА ИЗРАЕЛ МУ ОСТАНАА УШТЕ 20-ТИНА ДЕНА - Американците дале рок да се заврши војната во Газа

Повикувајќи се на тројца анонимни функционери во Тел Авив, Политико денеска објави дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден му дала на Израел рок до крајот на 2023 година да стави крај на војната во Газа против Хамас.

Политико го забележа минатонеделното предупредување на државниот секретар Антони Блинкен дека Израел најверојатно има само „недели“ да ги прекине борбите, но ги истакна и вчерашните коментари на заменик-советникот за национална безбедност Џон Финер дека Вашингтон не му дал на Израел „тежок рок“.

Сепак, висок израелски функционер ги отфрли наводите дека САД и дале рок на неговата земја, заклучувајќи дека, дури и ако тоа е вистина, Тел Авив нема да го исполни, исто како што не го исполни американското барање „да не оди во Газа“.

„Тие не советуваа да не одиме во Газа, но ние го направивме тоа. Отидовме во Газа бидејќи тоа беше единствениот начин да го уништиме Хамас и да ги ослободиме нашите заложници. Ни рекоа да не влегуваме во тунелите на теророт. Но, ако не влеземе во терористичките тунели, нема шанси да го уништиме Хамас. Ни рекоа да не влегуваме во болниците и покрај тоа што Хамас ги користи како командни и контролни центри, но ние отидовме во тие болници и го направивме она што требаше да го направиме“, изјави тој за Политико.

„И ќе направиме се што е потребно за да постигнеме решавачка победа“, додаде тој.

Покрај „решавачката победа“, како што изјави неименуваниот функционер, израелските лидери постојано најавуваат дека целта на војната е да се „уништи“ Хамас, да се ослободат заложниците и „да се осигура Газа никогаш повеќе да не биде закана за Израел.

Извор: N1

Фото: EPA

Слично

Поврзани вести