Економија, финансии, бизнис

Контакт

На гробот на родителите на Путин оставила порака во која му посакува смрт

На гробот на родителите на Путин оставила порака во која му посакува смрт

Жена која оставила порака на гробот на родителите на рускиот претседател Владимир Путин во која посакува тој да умре, може да заглави во затвор. 

Ирина Цинбанева (60) наводно оставила порака на гробот на родителите на Путин во која посакала тој да умре, пренесе „Sky News“.

Уапсена е во понеделникот во нејзиниот дом во Санкт Петербург и таа е обвинета за „сквернавење на телата на мртвите и нивните гробови“, пишува „Москва тајмс“.

Пораката наводно е оставена на гробот ден пред 70-тиот роденден на Путин. 

Цинбанева е задржана во полиција, а доколку биде прогласена за виновна, може да добие затвор до 5 години. Таа до петок ќе остане во полиција. 

Слично

Поврзани вести