На германците им е “преку глава“ од плаќање на туѓи сметки
Додека Берлин го обвинуваат дека изневерил членка на еврозоната, Германците се уморни од плаќање сметки од финансиските неуспеси на еврозоната, пишува Гардијан.
-Германците се подготвени да прифатат дека имаат поголема одговорност кон остатокот од Европа отколку која било друга членка на ЕУ, но расте чувството на бес со прифаќањето на вината за проблемите на другите држави членки”, пишува весникот.
-Не постои ниту еден спасувачки пакет без гаранција од Германија, а само ние, Германците, сме соочени со критики, односно со нескриена омраза”, додава Хуго Милер-Вог, водечкиот коментатор за германскиот весник Билд, тврдејќи дека од Германците направија жртвено јагне на Европа.
Вог ги наведе навредите вклучувајќи ја канцеларката Меркел со мустаќи од Хитлер на постери во Никозија и кинење на германското знаме од Германската Амбасада.
Ангела Меркел за шест месеци треба да се соочува со изборите во Германија, и за неа е многу битно тоа прашање. Доколку нејзините гласачи дека повеќе се грижи за богатите Британци и Русите, кои своите пари ги вложуваат во кипарските банки за да добијат повеќе камата и даночни бенефити, и фактот дека Германците претрпеа замрзнување на каматните стапки и зголемување на трошоците на живот, истото може да и се врати многу лошо.
Френк Шафлер, член на германските Либерали, коалициониот партнер на канцеларката Меркел, предупреди, дека ако Германија продолжи да покажува “солидарност”, на спасувањето ќе му нема крај.
-Одбивам да го поддржам изместениот израз – Солидарност во Европа”, изјави Шафлер во интервју за Ханделсблат.
-Ако ова продолжи, многу наскоро ќе ги спасуваме и Андора и Сан Марино, бидејќи тие имаат тесни економски врски со другите земји во криза, како што се Италија и Шпанија”, додава тој.
Слично
