Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Германија и требаат десетици илјади професори за бегалците

На Германија и требаат десетици илјади професори за бегалците

На Германија ќе и бидат потребни десетици илјади професори, кои ќе предаваат на бегалците.

Многу од бегалците се со ниски квалификации и интеграцијата во германското општество ќе трае подолго. Бидејќи ќе бидат потребни десетици илјади дополнителни учители, може да се случи многумина да се вратат од пензија за да се одговори на предизвикот.

Германската индустрија очекува интеграцијата на новодојдените бегалци на пазарот на трудот да се одолговлечи, изјави претседателот на Сојузот на германските индустријалци, Улрих Скара.

„Економијата прави многу, за да ги интегрира бегалците, но е потешко отколку што многу луѓе мислат. Ако ние, Германците, можеме да го интегрираме секој петти бегалец во наредните пет години, тогаш сме постигнале нешто"- вели тој.

Во 2015 година Германија регистрирала над 2 милиони нови мигранти, од кои над 1 милион останале во земјата, а останатите се преселиле во други земји од ЕУ.

Слично

Поврзани вести