На Германија и се потребни образовани мигранти!
Неочекувани податоци за Гермнија се објавени во последниот миграциски извештај на Организацијата за економнска соработка и развој (ОЕЦД). Како што објави Танјуг, Германија има голем профит од новиот бран мигранти, што пак се објаснува со фактот што станува збор за млади, високообразовани луѓе, кои повеќе даваат, односно плаќаат данок и социјални давачки, отколку што добиваат назад, кога станува збор за социјалните примања.
Сепак, посочува Извештајот, ако се земат во предвид сите доселеници, тогаш земјата е во минус.
Студијата на Институтот за пазарот на трудот и истражување на занимањата (ИАБ) од Нирнберг, покажа дека кога стануза збор за новиот бран доселеници во Германија, тие се подобро образовани и квалификувани во однос на староседелците. Притоа 43 отсто од доселениците, на возраст до 65 години имаат мастер, дипломи за високи школи или техничко образование, додека овој процент кај Германците, без миграциско потекло, изнесува 26 отсто.
„Повеќе од кога било порано на Германија и се потребни образовани мигранти од земјите надвор од ЕУ“, изјави Јерг Дрегер, претставник на фондацијата Бертелсман компанијата што ја нарача оваа студија.
