НА ФРОНТ И СИНОТ НА ЕРМЕНСКИОТ ПРЕМИЕР: Борбата за среќен и мирен живот ме доведе овде
Синот на ерменскиот премиер, Никол Пашињан веќе е во првите борбени линии на фронтот во Нагорно-Карабах.
Сопругата на премиерот, Ана Акобјан објави на Фејсбук дека тој веќе војува.
„Докажавме повеќе пати низ историјата дека имаме право на живот и дека се грижиме за нашата земја, ја знаеме цената и целта на таа борба многу добро. Борбата за среќен и мирен живот ме доведе овде и фактот дека тоа право денес е прекршено. Ќе победиме, ќе имаме среќен живот и ќе создадеме среќа за нашите сестри и браќа“, порача Ашот Пашињан.
Синот на Пашињан соопшти дека се пријавува доброволно во ерменската војска откако неговиот татко ги повика демобилизираните оваа година повторно да се вратат во војска поради ескалацијата на ситуацијата во Нагорно-Карабах.
Ерменскиот претседател Армен Саркисјан изјави дека конфликтот во Карабах може да се запре само откако Турција ќе се „повлече“ од играта.
По десетдневните судири, Ерменија и Азербејџан ќе седнат на иста маса.Како што соопшти официјален Кремљ, двете земји ја прифатиле поканата на рускиот претседател Путин да испратат свои претставници да разговараат за прекин на огнот во регионот на Нагорно - Карабах.
