Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НА ЕВРОПА ИТНО Ѝ Е ПОТРЕБЕН ПЛАН ЗА УКРАИНА“: Туск се огласи, дали ова е удар за Америка?

„НА ЕВРОПА ИТНО Ѝ Е ПОТРЕБЕН ПЛАН ЗА УКРАИНА“: Туск се огласи, дали ова е удар за Америка?

Полскиот премиер Доналд Туск денеска ги повика Европејците итно да создадат план за Украина и безбедноста на континентот, за нејзината иднина да не биде обликувана од други, бидејќи може да се случи мирот за кој преговараат светските играчи да не биде во согласност со европските интереси.

„На Европа итно и треба сопствен акционен план во врска со Украина и нашата безбедност, инаку други светски играчи ќе одлучуваат за нашата иднина. И тоа не мора да значи дека тоа ќе биде во наш интерес“, апелираше премиерот на Полска, која претседава со ЕУ, на мрежата Х.

Тој нагласи дека овој план мора веднаш да се направи.

– Немаме време за губење – рече Туск.

Во интервју за американскиот телевизиски канал CNN, полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски изјави дека Европа мора да почне да инвестира повеќе во својата безбедност, барем колку за време на Студената војна, што значи три до четири отсто од БДП годишно.

- Алокациите од три до четири проценти од БДП беа вообичаени за време на Студената војна. Европа и онака долго време има корист од мирот. Имаме нешто што треба да направиме. Треба да одвоиме повеќе за одбрана - рече Сикорски.

Во однос на барањето на САД Европа да издвојува дури пет отсто од својот БДП годишно, до што само Полска се приближува со 4,7 отсто, додека Вашингтон издвојува помалку од четири отсто, Сикорски предупреди дека американските средства не одат само во зоната на НАТО, туку и за нивното воено присуство низ светот.

- Да имаме предвид дека Европа нема глобални обврски. Ние се грижиме само за одбраната на Европа, додека САД имаат бази на териториите на половина од земјите во светот. 

„Доколку сите одвоиме два до три отсто, тоа би било многу голема инвестиција во заедничкото обезбедување на Западот“, рече Сикорски, пренесуваат полските медиуми.

Фото: Принтскрин/Х

Слично

Поврзани вести