Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Европа и се закануваат најцрните денови на 19-ти и 20-тиот век

На Европа и се закануваат најцрните денови на 19-ти и 20-тиот век

Шефот на полската дипломатија Радослав Шикориски предупреди дека на Европа и се заканува враќање на политика на анексија, распарчување и окупации и затоа сега приоритет е Русија да се врати кон почитување на меѓународното право.

„Во Европа ни се заканува враќење на политиката на анексија, распрачување и окупации, најцрните денови во XIX i XX век. Во таа состојба приоритет е важна земја како што е Русија да се врати на меѓународното право и нормална меѓународна соработка“, изјави Шикорски за полското радио.

Спорд оценката на полскиот министер довербата во Русија и односите со САД ќе се враќаат тешко, ако тоа е и воопшто можно.

„Во меѓународните односи работата е напорна и ако нема основна доверба дека другата страна ќе го направи она што нејзиниот лидер го кажува“ , додава полискиот министер.

Шикорски и шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајмајер денеска се среќаваат во Санкт Петербург со рускиот министер за  надворешни работи, Сергеј Лавров, на редовниот состанок таканаречениот Калинградски триаголник а една од главните теми како што наведува домаќинот на состанокот ќе биде Украина.

Слично

Поврзани вести