НА ЕВРОПА И СЕ ЗАКАНУВА ВОЈНА? Нетанјаху: Ако Израел не победи, никој нема да биде безбеден
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека војната на земјата против палестинската милитантна група Хамас не е „локална битка“.
Тој посочи дека ако Израел не победи, „никој нема да биде безбеден“.
„Нашата победа ќе биде ваша победа. Ако падне Блискиот Исток, Европа е следната. И никој нема да биде безбеден“, рече Нетанјаху за време на состанокот со десетици странски амбасадори во Ерусалим, пишува „Тајмс оф Израел“.
Според овој портал, Нетанјаху зборувал за теми кои ги претставуваат основите на неговиот наратив за време на војната меѓу Израел и Хамас.
Слично
