Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Европа и се заканува одмазда од џихадот!

На Европа и се заканува одмазда од џихадот!

Воздушните напади на Западот врз милитантите во Сирија и Ирак го зголемуваат ризикот од одмаздувачки акции на исламистите во Европа, предупредува коориднаторот на ЕУ за борба против тероризмот Жил де Кершов.

Де Крешов во изјавата за Би-Би-Си рекол дека воздушните напади на САД и нејзините западни сојузници го зголемиле ризикот од насилен одговор на исламистите во Европа.

„Мислам дека тоа мораме да го признаеме и дека е сосема јасно кога го погледнете случајот на Франција“, рекол Де Крешов.

 Тој потсетува дека „Исламската држава“ издала соопштение пред три дена во кој најавила одмазда против коалицијата, после што е киднапиран и егзекутиран еден Француз во Алжир.

„Пред тоа, тие својата закана ја оствариле“, предупредува Де Кершов.

Тој предупредил дека групата која се „натпреварува“со „Исламската држава“, како што е Ал Каеда, се обидува да изведе напади во Европа да се истакне себе си.

 Де Кершов рекол дека бројот на Европјани кои им се придужиле на исламистите во Сирија и Ирак надминал над 3000 и дека тој број ги вклучува оние кои биле во регионот, оние кое се вратиле и оние кои се убиени.

Слично

Поврзани вести