Економија, финансии, бизнис

Контакт

На e-bay се продава воздух од Родопите спакуван во вреќи

На e-bay се продава воздух од Родопите спакуван во вреќи
Воздух од Родопите, спакуван во вреќи, се продава на една од најголемите платформи за трговија во светот. Цената на една вреќа родопски воздух кој има мирис на елки, на e- bay се продава по цена од 9 фунти. Најпродаваниот воздух се прогласува за 100% органски и идеален при потреба од креативност кај корисникот. Свежиот воздух требало да создаде удобност во канцеларијата и дома. Според огласот, на секоја вреќа со воздух има напишано датум на производство и купувачот има 14 дена да го врати по купувањето. Огласот се рекламира со зимски поглед од Широк лак и родопските села. Распродажбите на воздухот започнале од 3 до 17 март. Огласот го објавил 30 -годишниот Орхан Забунов од Арди. Тој е сопственик на фирмата „Смарт возење - 2010" ДООЕЛ , пренесува „24 часа". Според трговскиот регистар, фирмата постои и ги обучува возачите на МПС, тргува со делови за автомобили, храна и врши превоз. На објавениот телефонски број сепак, никој не одговара . До 16 часот вчера, биле продадени 10 вреќи со воздух.   А.А.
Слично

Поврзани вести