Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА ЦВЕЌЕ ПОТРОШИЛЕ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА - додека Франција се бори со пандемијата, Макрон и Брижит не штеделе

НА ЦВЕЌЕ ПОТРОШИЛЕ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА - додека Франција се бори со пандемијата, Макрон и Брижит не штеделе

На удар на критики се најдоа францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит, откако во јавноста се појави информација за тоа дека во текот на пандемијата, на цвеќе потрошиле речиси 600.000 евра, јавува „Дејли мејл“.

Политичката публикација „Политис“ открила дека претседателскиот пар во текот на минатата година потрошиле повеќе од половина милион евра на цвеќе за Елисејската палата, својата службена резиденција во Париз.

Тоа значи дека нивниот буџет за цвеќе е речиси пет пати поголем од нивните претходници Франсоа Оланд и Николас Саркози. Оланд кој беше на чело на државата во периодот од 2012 до 2017 година, на цвеќе потрошил околу 130.000 евра, додека Саркози околу 143.000 евра.

Инаку, француската јавност е шокирана од трошењето на претседателот, кој има 43 години, и неговата 67 годишна сопруга, во времето кога земјата тешко закрепнува од финансиските последици од пандемијата на коронавирусот. Владата на Макрон вети 100 милијарди евра за закрепнување на економијата.

Забележано е дека сметката пораснала токму во периодот кога Елисејската палата беше затворена за јавноста, а поради пандемијата на коронавирусот имало мошне мал број на приеми.

Слично

Поврзани вести