Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА ЧЕКОР ДО ВОЈНА: Америка на Ким му праќа невидливи бомбардери и најнови ракетни системи

НА ЧЕКОР ДО ВОЈНА: Америка на Ким му праќа невидливи бомбардери и најнови ракетни системи

Американската војска како одговор на севернокорејските тестирања на балистичката ракета, ќе префрли во Јужна Кореја стратешки и важни системи на наоружување, јавија сеулските медиуми, повикувајќи се на Министерството за одбрана на Јужна Кореја.

Во соопштенијата се наведува дека под „стратешки важни системи на наоружување“ се мисли на најефикасна воена техника, на пример системи THAAD, носачи на авиони и невидливи бомбардери.

Севернокорејската државна новинска агенција KCNA  денес објави дека вчера е испалена ракета Хвасонг 14, иста која е тестирана претходно овој месец, како и дека целта на пробата било да се покаже максималниот домет на таа ракета, со “голема и тешка нуклеарна боева глава“.

KCNA наведува дека Вашингтон треба на оваа проба да гледа како на „сериозно предупредување“.

Слично

Поврзани вести