На чекор до решавање на мистеријата – Извадена опашката на авионот на „Ер Азија“
Истражувачите денес од морските води ја извадоа опашката на авионот на „Ер Азија“, кој од засега непознати причини се урна, а во несреќата загинаа 162 лица.
Се верува дека црната кутија, уред кој ги снима гласовите од пилотската кабината и податоците на летот, сместена е во опашниот дел од леталото.
Патничкиот авион на „Ер Азија“ исчезна од радарот поради лошите временски услови на 28 декември со 162 патници и членови на екипажот.
Авионот сообраќал на линијата Сурабија – Сингапур.
Од остатоците на леталото до сега извлечени се 48 тела. Спасувачкие тимови изразиле уверување дека останките на поголм дел од загинатите се наоѓаат во остатоците од леталото, кои се уште не се пронајдени.
Вчера, недалеку од местото на кое беше откриена опашката од леталото, беа детектирани сигнали за кои стручните тимови сметаат дека доаѓаат од црната кутија.
Слично
