На церемонија палеле огнови, а сега земјата се бори со пожари
Делови од Израел се борат со големи пожари.
Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови во Израел поради неколку големи пожари што дивеат во јужните и централните делови на земјата. Се претпоставува дека тие се распламтиле по палењето огнови, што е дел од церемонијата во чест на еврејскиот фестивал „Лаг Ба’Омер“. Властите стравуваат од можно проширување на пожарите затоа што во критичните делови на државата владее суша и температури од 43 степени.
Слично
