Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Британците и Мароканецот кои беа заробени во Мариупол може да им биде изречена и смртна казна

На Британците и Мароканецот кои беа заробени во Мариупол може да им биде изречена и смртна казна

Смртна казна или затвор ги очекува Британците и Мароканецот откако руските војници ги заробија во украинскиот град Мариупол. 

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков изјави дека „платениците кои пристигнале во Украина не се борци и дека најдоброто нешто што ги очекува е долготраен затвор“. Вели дека според меѓународното хуманитарно право странските платеници немаат статус на регуларни војници.

„Странските платеници кои учествуваа во војната во Донбас на украинска страна нема да бидат разменувани“, изјави денеска Елена Шишкина, претседателката на Комитетот за кривично и административно законодавство на Народниот совет на самопрогласената Доњецка Народна Република. 

Украинските сили повеќе од два месеци даваа отпор, но потоа руските сили ја преземаа контролата во градот. На украинската страна има платеници од над 16 земји, но и на руската страна има Сиријци, Чеченци и други. 

фото: твитер/принтскрин

Слично

Поврзани вести