Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Божиќ во оваа земја ги покануваат старците и сиромашните

На Божиќ во оваа земја ги покануваат старците и сиромашните

Во различни земји празникот се пречекува со различни обичаи.

Во Шпанија на пример е прифатено на трпезата да се поканат осамени старци или сиромашните. Во Шпанија овој ден се нарекува Nochebuena. Обично се слави во семеен круг, на свечена вечера.  Вообичаено е да се даваат подароци на домашните. 

Во Норвешка пак на овој ден се оди на гробишта со цвет за починатите блиски. Во северните земји на трпезата се става јагнешко, во Ванкувер во домовите, во парковите и плоштадите има илјадници шарени светилки.

Во Полска, кога ќе се појави првата ѕвезда, целото семејство, празнично облечено се собира на трпезата. На трпезата се сервираат посни јадења и риба, меѓу кои супа од зеленчук, крап, кнедли со зелка, печурки, компоти од овошје, слатки. Во домот има украсена елка, а под него се ставени подароците за целото семејство. На трпезата се пеат божиќни песни и луѓето се сеќаваат на настаните од годината што поминала.

Во Канада, Божиќ започнува вечерта на 24 декември, наречена Cristmas Eve. Возрасните, кои ги завршиле секојдневните обврски, седнуваат на трпезата. Во Њуфаундленд и Лабрадор постои обичај во пресрет на Божиќ во црквите да се продава риба фатена посебно за таа цел, а парите да се даваат за добротворни цели.



Слично

Поврзани вести